Новости

Акт на основање

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Име и седиште

Член 1

Со овој акт за основање се основа ФОНДАЦИЈА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ
Седиштето на фондацијата е на ул.Аминта 3-ти бр.87 Скопје

Основач

Член 2

Основач на ФОНДАЦИЈА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ е Атанасоски Ѓорѓија ул.11-ти Октомври бр.166 Прилеп со ЕМБГ 1802952440015
Основачот на денот на основање на фондацијата дава паричен основачки влог во висина од 10.000,00 евра.
Основачот има право во секое време да одлучи да промени некоја цел на фондацијата.
Основачот има право во секое време да одлучи за промена на името на фондацијата.

Цели на фондацијата

Член 3

Целта за основање на ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ е заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство, во Македонија и во светот и подршка и развој на граѓанското опшество , едукација на млади од секоја област,организирање на јавни дебати и трибини , хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.

Член 4

Начинот на учеството на основачот во управувањето со фондацијата се уредува со статутот на фондацијата.
Основачот учествува во составувањето на Статутот на Фондацијата и дава согласност за неговото донесување.

Престанок на фондацијата

Член 5

Фондацијата престанува: - ако се утврди дека престанала со работа - ако средствата не се доволни за остварување на нејзините цели и задачи определени со Актот и Статутот - ако го изгуби својот имот - ако целта за која е формирана е исполнета или не може да се исполни - со стечај - со одлука на основачот - ако работи спротивни на одредбите од Законот за здруженија и фондации и - ако работењето на фондацијата не е во согласност со нејзиниот Статут. Овластениот застапник на Фондацијата во случај на настапување на некоја околност предвидена со овој член должен е во рок од 15 дена по нејзиното настанување да го извести надлежниот регистар

Член 6

Овој Акт за основање влегува на сила на денот на неговото донесување.

Основач

Ѓорѓија Атанасоски