Платформа

Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (ФЃЏА), ќе ги насочи сопствените ресурси и напори кон исполнување на својата долгорочна цел, заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство, во Македонија и во светот и подршка и развој на граѓанското опшество, едукација на млади од секоја област, организирање на јавни дебати и трибини, хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.

Активности

  • Издавање публикации
  • Стипендирање на најдобри ученици и студенти
  • Поттикнување на спортскиот дух, финансирање преку грантови на спортски клубови и истакнати спортисти во Македонија
  • Организирање на трибини
  • Организирање на дебати и тренинзи
  • Едукација на сточари и земјоделци(заштита на родот и имплементација на стандарди)
  • Стимулирање на претприемачкиот дух кај младите преку едукација и финансиска поддршка за нови бизниси
  • Поттикнување на културен живот-организирање на настани од културно-уметнички карактер
  • Репарација на стари градби со историски карактер
  • Едукација на граѓаните за Македонија како света земја
повеќе >>

Проекти во најава

Заштита на македонското културно и историски наследство

Зголемување на свеста кај Македонците за зачувување на македонсаката историја.

Заштита на македонското име и идентитет

Проект кој ќе биде наменет за зајакнување на националниот идентитет кај македонците.

Слобода на изразување во Дијаспората

Четири портали кои ќе бидат поддржани со цел да се обезбеди пристап до точни и непристрасни информации.

Општествена одговорност

Заштита на Македонското сонце од Вергина како историски бренд и многу важно наследство за Македонскиот народ