Новости

    Директор

    на Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

    Директорот се назначува, отповикува и заменува врз основа на Одлука од основачот.

    Одлуката за именување на директор на Фондацијата стапува во сила со денот на упис во надлежниот регистар.

    Мандатот на директорот е четири години со право на повторни избори
    Директорот ја претставува и ја застапува Фондацијата во односите со трети лица,потпишувајки се под називот на Фондацијата и дејствува во сите околности во името на Фондацијата.

    Директорот ќе ги извршува сите акти и дејствија во управување во интерес на Фондацијата и ги извршува своите должности совесно и во интерес на исполнувањетона целите на Фондацијата.

    Директорот е лично одговорен спрема Фондацијата и спрема трети лица за работењето во колку е тоа спротивно на одредбите на Законот и другите прописи, за непочитувањена договорот, како и за грешките што ќе настанат во врска со управувањето на Фондацијата. Директорот е надлежен за:

    - да ја преставува Фондацијата и да ги води нејзините работи,

    - да ги спроведува статусните и програмските задачи на Фондацијата

    - реализација на годишната програма за работа

    - донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и ја насочува нивната работа

    - организира разни акции и манифестации поврзани со целите и задачите на Фондацијата

    - донесува одлука за награди, пофалници и признанија

    - ги следи и ги анализира состојбите и проблемите во дејноста на Фондацијата, дава прогнози и предвидувања за идни услови , проблеми и можности, комуницира и соработува со други организации.

    - се грижи за стратешкото планирање и изготвува перспективни, годишни и периодични програми и планови за работа и финансиски планови.Одговорен е за извршување на програмата и планот за работа и на финансискиот план и поднесува периодични и годишни извештаи за работата и финансиски извештаи до Управниот одбор.

    - се грижи за правилно и економично работење со средствата на фондацијата и управува со паричниот тек.

    Секој договор или деловна активност чијашто вредност е над 50% од вредноста на капиталот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски врз основа на последниот годишен финансиски извештај , се одобрува од Основачот на фондацијата.

    Секој договор или деловна активност чијашто вредност е од 10 % до 50% од вредноста на капиталот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски врз основа на последниот годишен финансиски извештај се одобрува од Управниот одбор со мнозинство гласови.

    За секој договор или деловна активност чијашто вредност е до 10% од вредноста на капиталот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски врз основа на последниот годишен финансиски извештај одлучува директорот на Фондацијата.