Новости

Бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е познат хуманист и донатор не само во САД, туку и во Македонија. Тој е донатор на бројни македонски православни храмови во Република Македонија, Мала Преспа и други места. Исто така, тој е донатор и поддржувач и на голем број културни, спортски фолклорни и национални активности кај Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Една од значајните донации на господинот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски е, секако, камбанаријата за Македонската православна црква Св. Никола во Маврово. Ѕвоното било излиено во пазувите на северна Италија, поточно во Џенова, во градот во кој се родил најпознатиот морепловец, истражувач и, се разбира, сонувач Кристофер Колумбо. Шест века подоцна, во фабриката „Требино“ била излеана една многу значајна приказна за мавровскиот крај. Имено, новата мајка-водилка, идејата која со месеци тлеела во душата, во срцето даровно на господинот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоси, е камбаната којашто била наменета за манастирот Св. Никола во Маврово. Камбаната во која е втиснато шеснаесетзрачното сонце тежи 350 килограми и била завршена до крајот на семптември 2004 година. Инаку, во оваа фабрика, која има долгогодишна традиција од 400 години, била направена и камбаната која е поставена кај црквата Св. Климент Охридски на Плаошник и тежи 3.000 килограми.

Манастирскиот комплекс во Маврово ја продолжува традицијата на старата црква, која беше потопена со изградбата на Мавровското Езеро. Мавровци со години ја чувствувале оваа загуба, сè до моментот кога во 1996 година почна обновата на црквата Св. Никола како македонско црковно и духовно здание. На 4.000 метри квадратни се издигнува огромната трибродна црква Св. Никола, чијашто архитектура плени со својата убавина. Направени се фрескоживописот и олтарот, а манастирскиот комплекс се гради етапно, во зависност од финансиските средства кои ги даруваат верниците во земјава и во странство.-„Ова ново светилиште, изјави неодамна Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан е уште еден доказ дека народот е со Црквата и дека МПЦ е со народот. Вложените 500.000 евра, кои до сега со несебичност и љубов ги донираа голем број Македонци, луѓе со добра волја, меѓу кои и некои дипломати во Република Македонија, мавровци и особено мавровските мајстори кои досега граделе за други, а еве, сега и за себе, се потврда дека верата и црквата се живи, цврсти и опстојуваат. Се гради и ќе се гради како што тоа се правело и во минатото. Македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој со години успешно работи во САД, ќе ја донира и третата камбана која по нарачка се лиеше во Италија. Во црквата се поставени две камбани од 1.000 и од 650 килограми, а и со третата која ќе тежи 350 килограми, тие ќе претставуваат силен духовен непокор на Македонската православна црква и на македонскиот народ, кој повторно на овие простори ги дожи- вува потресните сцени од минатото.“

Познато е дека Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е признат бизнисмен ширум светот, но, исто така, тој е докажан хуманист, чие дело не знае за граници. Доказ за тоа е финансиската помош која им ја дал на младите талентирани Македонци кои имаат знаење и желба за натамошно надградување, но кои немале доволно средства да го завршат високото образование. Всушност, за големината на една личност најмногу зборуваат делата кои таа ги прави. Стерио Еди, Македонец од Мала Преспа, Република Албанија, бил студент на петта година на Медицинскиот факултет во Скопје, кој по добивањето на помошта од бизнисменот Атанасоски изјавил во текстот објавен во македонско сонце: „Бев запишан како еден од студентите кои ги финансираше Владата на Република Македонија, во квотата посебни студенти кои потекнуваат од Македонија, а живеат во Мала Преспа. Со Владата на Република Македонија потпишав договор, според кој ми следуваше бесплатно сместување и парична помош во вид на стипендија. Но, сега се соочувам со тешкотии затоа што за Медицинскиот факултет се потребни значителни вложувања. Ако се има предвид финансиската состојба на моето семејство, јасно е дека нема да бидам во можност навреме да ги завршам студиите. Според мене, од оправдани причини изгубив две студентски години, така што го изгубив и правото на парична помош од македонската влада. Во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој ја покажа својата големина како човек и во вистински момент несебично ми излезе во пресрет. Имено, верував дека постојат добри луѓе кои ќе сакаат да ми помогнат да ги завршам студиите. Сметав дека тоа може да го направи господинот Атанасоски и лично му се обратив. Тој ги поддржа моите амбиции за дошколување и на средбата пред една година се договоривме за финансиската помош којашто ќе ја добивам од него. Благодарение на неговата несебична помош, јас ќе можам да ги завршам студиите по медицина. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму“. Господинот Атнасоски одделува средства и финансиски им помага на десттина македонски студенти, меѓу кои е и Билјана Талевска. За несебичната помош на бизнисменот таа изјавила: „Човековата големина ја покажуваат неговите дела, а вложувањето во образованието на младите луѓе ја истакнува токму огромната великодушност на господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој понесен од добропознатиот патриотски дух, хумано ја докажа и ја докажува својата заинтересираност за иднината на младите во Македонија.

Финансиската помош за моето школување ми значи исто колку и образованието, зашто тешко ќе можев да го остварам сонот да бидам студент доколку не го сретнев човекот кој ми подаде рака и го помогна моето студирање. Господинот Атанасоски ми ги отвори вратите кон подобро утре, кое го гледам единствено со натамошното школување“, вели Билјана Талевска, студентка на групата психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Вакви приказни можеме да слушнеме уште од десеттина студенти на кои господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски им излегол во пресрет. Исто така, бизнисменот и големиот донатор Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, за хуманитарни цели подарил и тоа: Со негови средства бил на правен покривот на црквата Св Богородица и другите црковни објетки во неговото родно место Марул; за црквта Св Петка во населбата Точила, во Прилеп, Атанасовски подарил 10.000 долари; за манастирот Св. Илија во с. Дрен, подарил 200 вреќи цемент, за црквата Св. Архангел Михаил во селото Пустец, во Мала Преспа, подарил 15.000 дорали; студирал 5 студенти од Мала Преспа; бил покровител на Прилеп-фест, потоа покровител на Гимназијадата во Прилеп. Eдна од најзначајните донации на бизнисменот Атанасовски било кумството за празникот Св. Никоа во Прилеп. Потоа, тој ги финансирал организациите „Обединети Македонци“ во Канада и САД, организациите на Македонците од Егејска Македонија, како и голем број други друштва, асоциации и цркви и црковни општини на северноамериканскиот континент.

Силната љубов и почит кон античка Македонија и кон древните корени, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на 30 јуни (жетвар) 2006 година во Прилеп ги потврди и ги одбележа со поставувањето на споменикот на Александар III Македонски. Имено, тој го финансираше создавањето на бистата, дело на Жарко Башески, со цел да му се оддаде должната почит на најголемиот Македонец, кој славата на својата земја ја пренесе низ цел свет.Дотогаш Република Македонија беше една од ретките земји каде што немаше никакво обележје за Александар. Затоа, таквото монументално дело стана македонски препознатлив знак за народот кој некогаш големиот Александар го водел во походи со цел да ги обедини народите. Благодарение на Ѓорѓија Атанасоски Република Македонија го доби симболот на својот национален идентитет за да потсетува на незаборавот на македонската кауза. Со тоа, Прилеп градот херој, градот под Марковите кули, во 2006 година стана единствениот град во Република Македонија чиј плоштад се гордее со грандиозен споменик на македонскиот великан и војсководец Александар Македонски. Како што великанот Александар некогаш ги обединувал народите, така и господинот ЃорѓијаЏорџ Атанасоски со поставувањето на споменикот ја оствари својата обединувачка мисија. Затоа, со право се рече при откривањето на споменикот дека Македонците од Балканот и Маке- донците од светот имаат и со што да се гордеат и да го слават делото на големиот војсководец, бидејќи тие се директни потомци на Александар Македонски. При откривањето на споменикот на Александар III Македонски бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, меѓу другото рече: „Како прилепчанец сакам да ги поздравам сите прилепчани, Македонците од САД, Македонците од Австралија, од Мала Преспа, Албанија, од Пиринскиот дел и од Одринско од Егејска Македонија. Денес сите ние сме тука за да се обединиме и да застанеме под знамето на Александар Македонски кој не само тука, туку ќе биде роден и во другите градови на Македонија и во другите делови на етничка Македонија. Александар не е само крал на Македонците, тој е крал на визијата на светот. Александар Македонски бил визионер, не бил поробувач, тој бил најголемиот обединувач на народите, со кој и ден-денес се споредуваат лидерите. Затоа се ангажирав да го изградиме споменикот на Александар Македонски и да му го подарам на својот град Прилеп, не само за прилепчани, туку за сите Македонци во Македонија и надвор од неа и во светот. Од овде да тргне патот за поубава Македонија“.

Честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот - македонскиот бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, премиерот на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија. На овој голем настан за Прилеп и Македонија, градоначалникот на Прилеп, господи- нот Ристески, им додели плакети на донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и скулпторот Жарко Башески, како и на светски познатиот оперски пејач баритонот Борис Трајанов и на групата „Синтезис” за нивното учество во делот на културната програма. Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски. Старите Латини рекле дека името е знак, не знам зошто и не знам кога, но навистина е речено дека името како знак всушност е препознавање, тоа е корен и стебло на еден народ, името на Александар Македонски е нашата препознатливост. Денес не зборувам од лично име, ниту како градоначалник, туку како Македонец кој има чест да ве поздрави вас, на овој голем ден за нашиот град. Нема да ви зборувам за значењето на Алексадар Македонски од историски ас- пект, бидејќи секој од вас учел и знае доволно за него, особено и големо е значењето на овој споменик од аспект на културата, традицијата и туризмот. Најмаркантната личност во нашата историја конечно го доби своето место на еден од најубавите плоштади во Македонија. Инаку, споменикот е висок шест метри и е изработен од бронза, а копјето е долго 5,30 метри.

Бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски отсекогаш бил вљубеник во античка Македонија, особено за Филип и Алексан- дар Македонски. Исто така тој се заинтересира и за кралот Персеј. Се смета дека споменикот кој му бил подигнат на кралот Персеј се наоѓал на западната градска некропола, на 2,8 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија. За жал, тој сè уште не е откопан. Тоа и го поттикна бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски на 13 јуни (жетвар) 2008 година, со делегација на неговата партија, Македонска алијанса, од име на целиот македонски народ да му оддаде достојна почит на кралот Персеј. Всушност, на тој ден бизнисменот Атанасоски поставил масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце. Со тоа се потврди дека традицијата и почитта кон големите ликови од сопственото минато е нешто најсвето и секогаш ги носи народите кон посреќна иднина. Делегацијата на Македонска алијанса се сос- тоела од шест члена. Покрај господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски присуствувале: неговиот син Никола Џорџ Атанасоски, директорот на ТВ „Сонце“, Славко Манговски, археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ од Институтот за археологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Кирил Добрушевски, претседател на Македонско-италијанското друштво од Битола и Мирко Брдаровски, претседател на друштвото „Персеида“ од Црнобуки (град Персеида). Делегацијата пристигнала во Алба преку Рим, на 13 јуни (жетвар) 2008 година (петок).

Првата средба се одржала во просториите на Туристичкиот и културен сервис на Алба на Виа Кастело Орсини. Делегацијата ја пречекале професор д-р Вилма Пјерфедеричи и археологот Даниела Либераторе, како и претставници од локалната самоуправа на гратчето Маса д’Албе. Точно напладне делегацијата пристигнала пред остатоците од споменикот на Персеј на Виа Валерија. Според зборовите на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, споменикот се наоѓал на општествено земјиште, опкружен со приватни имоти, на само 30 метри северно од асфалтниот пат. Се претпоставувало дека трасата на Виа Валерија водела токму во појасот на тие 30 метри, секако, покрај самиот споменик. Географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит бил типично медитерански, би се рекло дури и балкански. Според археолозите, пак, самиот објект споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно. Во урнатините до споменикот се гледал и дел од една покривна ќерамида - тегула, коринтски тип, што датирал од подоцнежно време. Во нивите се забележувале ретки фрагменти на садови од керамика, кои, веројатно, потекнувале од некрополата.

Исто така, според зборовите на Атанасоски, претпоставка е дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба. Но, вниманието го привлекле уште две контури на нешто помалите надгробни споменици, недалеку од западната Порта Максима. Тие споменици сè уште не биле археолошки ископани, така што се налага потребата да се извршат студиозни археолошки ископувања за да се лоцираат точно споменикот и гробот на македонскиот крал Персеј. „Денес, по изминати речиси 22 века, со гордост и пиетет се сеќаваме на овој човек и на не- говите дела. Тој имаше само 13 години кога како македонски принц јаваше на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запре про- бивот на дарданските орди. Долг е списокот на херојските подвизи на кралот Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија“, вели Ѓорѓи- Џорџ Атанасоски. Инаку, според историските документи, точ- но пред 2.175 години, на 22 јуни (жетвар) 168 година пред Христа, во битката кај Пидна загинале 20.000 македонски воини. Тој ден завршила кралска Македонија, зародена во далечниот VII век пред Христа. А таа, Македонија, под Филип II Македонски и Александар III Македонски (Велики) блеснала дури со империјален-царски цивилизациски блесок. Александар го освоил светот, но по него како сè да било хаос. Неговата Македонска Империја ја разнебитиле Келтите Скордисците, Дарданците, Римјаните... По пет века Кралството Македонија станало Република, поточно дел провинција од Римската Република. Сепак, името Македонија преживеало до ден-денес.