Новости

    Мисија на фондација "Ѓорѓија Џорџ Атанасоски"

    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски иако долго време е одвоен од својата родна земја никогаш не ја изгуби љубовта и почитта према неа. За него традициите на Македонскиот народ се духовна гордост и претставуваат продолжување на Македонската историја и култура. Негов стремеж е независна, слободна, суверена и демократска Република Македонија. Атанасоски смета дека владеење на правото, почитување на човековите слободи и права, економскиот развој, толеранција за различностите, се столбови на кои треба и мора да опстојува модерната Македонска Република. Македонците имаат обврска да ги негуваат,пренесуваат и да вложуваат во остварувањето на вековниот повик и идеали за целосно обединување на сите Македонци во светот. За таа цел Ѓорѓија ја основа фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски преку која ќе се промовира македонската култура и традиција преку оформување владини политики и преку поддржување на образованието, медиумите, јавното здравство, човековите права и правата на жените, како и на социјалната, правната и економската реформа и спортот. Активностите на фондацијата се насочени кон зачувување на Уставното име Република Македонија, унапредување и заштита на Македонскиот национален идентитет. Македонија како древна земја мора да го одржува потенцијалот да се грижи и инвестира во достоинството на сите Македонци во светот.

    Визија на фондација "Ѓорѓија Џорџ Атанасоски"

    Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (ФЃЏА) е приватна фондација која дава грантови и води оперативни програми. Преку реализирање на мисијата на фондацијата нејзиниот основач сака да го зачува македонскиот идентитет, интегритер, достоинство и историско наследство на нашата Татковина. Приоритет на ФЃЏА е негувањето на Македонскиот идентитет, но во исто време и пренесување на традицијата од колено на колено и оставање аманет на генерациите кои доаѓаат. Визија на фондацијата е преку афирмација на богатото културно и духовно наследство на Македонците на сите светски континенти да се заштити Македонскиот национален идентитет, посебност и јазик.