Новости

Управен одбор

на Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Членовите на Управниот одбор ги именува основачот со Одлука за избор на органите и податоци за членови на органите.

Управниот одбор брои најмалку 3 членови, и нивниот мандат трае 4 години со право на повторно именување.

Управниот одбор од своите редови избира претседател чиј мандат трае 4 години.

Претседателот го свикува Управниот одбор најмалку два пати годишно.

Претседателот има обврска да свика вонредна седница на Управниот одбор кога најмалку 1/3 членови од Управниот одбор го бараат тоа написмено најдоцна во рок од 15 дена

Член на Управниот одбор не може да биде преставуван од друг член на Управниот одбор.

Членот на Управниот одбор се иззема од гласање за прашања поврзани со него,со неговиот брачен другар, роднина од прв и втор степен и за прашања што се однесуваат на некое правно лице врз кое има контрола или економски интерес.

Член на Управниот одбор кој сака да истапи од одборот тоа треба да го стори написмено.

Во случај на испразнето место во Управниот одбор лицето кое ќе го пополни тоа место ќе го врши временски својот мандат онолку колку што преставува за тоа испразнето место.

Управниот одбор на својата седница може да отповика свој член во следните случаи:

- по негово барање

- по барање на основачот-основачот има право сам да отповика член без одобрение од одборот

- доколку биде осуден на казна затвор подолга од 6 месеци

- доколку стане член на Управниот одбор на иста или слична Фондација.

Управниот одбор правосилно решава кога се присутни најмалку _________од вкупниот борј на членови на одборот.

Управниот одбор решава со гласање.

За правосилна одлука се смета онаа за која е гласано со апсолутно мнозинство.

Членовите на управниот одбор за својата работа не примаат никаков паричен надомест , освен ако основачот донесе одлука за исплата на таков надомест.

Управниот одбор е надлежен да:

- донесува годишна програма за работа

- донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори

- одлучува за условите и распределбата на средствата на корисниците односно за постапката и начинот на користење на средствата на Фондацијата

- го контролира финансиското работење на Фондацијата самостојно или преку свое за тоа формирано тело

- усвојува периодични и годишни извештаи за работата и финансиски извештаи

- усвојува годишна сметка

- донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и ја насочува нивната работа

- усвојување правила за работењето на Управниот одбор

Членовите на Управниот одбор се договараат за остварување на целите и задачите на Фондацијата утврдени со овој Статут и во оваа смисла се одговорни пред основачот.

Членовите на Управниот одбор се одговорни за штета предизвикана од нивната работа или поради нејзино запоставување.

Основачот, доколку констатира дека се исполнети условите за одговорност предизвикана од став 1 и 2 на овој член има право да го разреши членот на Управниот одбор или целиот Управен одбор.