Новости

Платформа

Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (ФЃЏА), ќе ги насочи сопствените ресурси и напори кон исполнување на својата долгорочна цел, заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство, во Македонија и во светот и подршка и развој на граѓанското опшество, едукација на млади од секоја област, организирање на јавни дебати и трибини, хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.

Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ќе биде посветена на промовирањето на македонската култура и традиција. ФЃЏА ќе иницира поддршка и спроведува широк спектар на програми кои ќе ги опфатат сите македонци и ќе се грижат за македонското културно и духовно наследство.

Исполнување на Своите Цели Фондацијата ги исполнува преку:

  • Доделување грантови, заеми и други видови финансиска поддршка, еднократно или постојано, на физички и правни лица кои спроведуваат активности во согласност со мисијата на ФЃЏА.

  • Имплементирање на операционални програми за промовирање иновативни идеи и за развој и раст на физички и правни лица чии активности се во согласност со мисијата на ФЃЏА, и

  • Извршување други хуманитарни и развојни активности за кои Основачот и Управниот одбор сметаат дека се соодветни за исполнување на мисијата на ФЃЏА.

  • Имплементирање на операционални програми за промовирање и заштита на македонското културно и духовно наследство.

Активности

  • Издавање публикации
  • Стипендирање на најдобри ученици и студенти
  • Поттикнување на спортскиот дух, финансирање преку грантови на спортски клубови и истакнати спортисти во Македонија
  • Организирање на трибини
  • Организирање на дебати и тренинзи
  • Едукација на сточари и земјоделци(заштита на родот и имплементација на стандарди)
  • Стимулирање на претприемачкиот дух кај младите преку едукација и финансиска поддршка за нови бизниси
  • Поттикнување на културен живот-организирање на настани од културно-уметнички карактер
  • Репарација на стари градби со историски карактер
  • Едукација на граѓаните за Македонија како света земја