Новости

    Статут на ФОНДАЦИЈА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

    I ОПШТИ ОДРЕДБИ

    Член 1

    Со овој статут се утврдува особено - Името и седиштето на фондацијата - Целите на фондацијата - Дејноста со која се остваруваат целите на фодацијата - Внатрешната организација, видот и составот на органите , надлежностите начинот на избор и разрешување на членовите на органите, траење на мандатот на членовите на органите и начинот на одлучување - Законското застапување - Начин на стекнување и располагање со средствата - Начин за донесување на деловни финансиски и други извештаи - Начинот и на остварување на јавности транспарентност во работата - Начин на донесување, изменување и дополнување на статутот - Начин на одлучување за статусни измени и престанок на фондацијата - Постапување со средствата на фондацијата во случај на престанок на фондацијата - Начинот на донесување на планови и програми - Знакот и симболот на фондацијата - Други прашања

    Член 2

    Фондацијата е невладина, непартиска и непрофитна организација од добротворен и хуманитарен карактер и дејност која се основа заради остварување и заштита на образовни, социјални, научни и хуманитарни права и интереси во согласност со Уставот и Законите. Фондацијата може да врши дејности со кои може да стекне добивка, ако дејноста е поврзана со целите утврдени со Статутот. Ако во работењето на Фондацијата се оствари добивка таа мора да биде употребена за остварување на целите утврдени со Статутот.

    Член 3

    Основачот ја основа Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски поради заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство во Македонија и во светот, и подршка и развој на граѓанското општество, едукација на млади од секоја област, организирање на јавни дебати и трибини, хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.

    Член 4

    Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски своите права и должности, и одговорности ги остварува во согласност со Уставот, законот и овој Статут. Фондацијата има својство на право лице со права, надлежности и одговорности утврдени со Уставот, законот и овој Статут.

    Член 5

    Името (називот) е: ФОНДАЦИЈА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

    Член 6

    Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски одговара за своите обврски со својот имот и средства.

    Член 7

    Седиштето на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е во Скопје на ул Аминта 3-ти бр. 87 Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се организира и делува во Македонија, а има и активности надвор од Македонија во насока на исполнување на целите на Фондацијата, а особено за заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство.

    Член 8

    Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски има свој печат и штембил. Печатот е _____________________ Штембилот на Фондацијата е правоаголен со следниот текст: - ФОНДАЦИЈА Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

    Член 9

    Основач на Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е Атанасоски Ѓорѓија ул.11-ти Октомври бр.166 Прилеп со ЕМБГ 1802952440015. Основачот на денот на основањето на Фондацијата дал паричен основачки влог во висина од 10 000 евра.

    Член 10

    Основачот го донесува и изменува и дополнува Статутот. Предлог за измени и дополнувања на Статутот можат да поднесат најмалку ___ члена на Управниот одбор или Директорот на фондацијата,

    Член 11

    Донаторите што вложуваат средства или имотни права по основањето на Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски немаат статус на основачи.

    Член 12

    Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја преставува и застапува Директорот на Фондацијата

    II ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ФОНДАЦИЈАТА

    Член 13

    Целта за основање на ФОНДАЦИЈАТА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ е заштита, обнова, унапредување и промоција на македонското историско, национално, културно и духовно наследство и богатство во Македонија и во светот и подршка и развој на граѓанското опшество, едукација на млади од секоја област, организирање на јавни дебати и трибини, хуманитарни активности преку собирање средства и нивно насочување кон одредени сегменти во општеството кои се од интерес за пошироката јавност, како што се хуманитарни активности, образование и животна средина, стипендирање и подржување на талентирани студенти од било која област.

    III ФИНАНСИРАЊЕ НА ФОНДАЦИЈАТА

    Член 14

    Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски своите цели и задачи стартно ги остварува од основачкиот влог. Фондацијата може да стекнува предмети, парични средства и имотни права. Фондацијата средствата може да ги стекне и од прилози, донации, подароци, легат заверен пред нотар и друго. Фондацијата може да добива средства и од буџетот, согласно Закон, врз база на сопствена програма за работа и овој Статут.

    Член 15

    Средствата на Фондацијата стекнати согласно член 14 од овој Статут се сопственост на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

    Член 16

    Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ги употребува своите средства исклучиво заостварување на целите и задачите утврдени со овој Статут.

    Член 17

    За користење на располагање со средствата одлучува одборот/директорот на фондацијата согласно со надлежностите утврдени со овој Статут кој превзема мерки за економско целисообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.

    Член 18

    Управниот одбор на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски донесува годишен финансискиплан за приходите и расходите на Фондацијата. Финансискиот план ги содржи приходите на Фондацијата како расходите за остварување на целите и задачите на Фондацијата, плати на вработените на Фондацијата, материјални трошоци и други расходи сврзани со работата на фондацијата.

    IV ОРГАНИ НА ФОНДАЦИЈАТА

    Член 19

    Органи на Фондација Ѓорѓија Џорџ Атанасоски се: - Управниот одбор и - Директор

    Член 20

    Членовите на Управниот одбор ги именува основачот со Одлука за избор на органите и податоци за членови на органите. Управниот одбор брои најмалку 3 членови, но не повеќе од ____ членови, и нивниот мандат трае 4 години со право на повторно именување.

    Член 21

    Управниот одбор од своите редови избира претседател чиј мандат трае 4 години. Претседателот го свикува Управниот одбор најмалку _______ пати годишно. Претседателот има обврска да свика вонредна седница на Управниот одбор кога најмалку 1/3 членови од Управниот одбор го бараат тоа написмено најдоцна во рок од15 дена

    Член 22

    Член на Управниот одбор не може да биде преставуван од друг член на Управниот одбор. Членот на Управниот одбор се иззема од гласање за прашања поврзани со него,со неговиот брачен другар, роднина од прв и втор степен и за прашања што се однесуваат на некое правно лице врз кое има контрола или економски интерес. Член на Управниот одбор кој сака да истапи од одборот тоа треба да го стори написмено. Во случај на испразнето место во Управниот одбор лицето кое ќе го пополни тоа место ќе го врши временски својот мандат онолку колку што преставува за тоа испразнето место.

    Член 23

    Управниот одбор на својата седница може да отповика свој член во следните случаи: - по негово барање - по барање на основачот-основачот има право сам да отповика член без одобрение од одборот - доколку биде осуден на казна затвор подолга од 6 месеци - доколку стане член на Управниот одбор на иста или слична Фондација.

    Член 24

    Управниот одбор правосилно решава кога се присутни најмалку _________од вкупниот борј на членови на одборот. Управниот одбор решава со гласање. За правосилна одлука се смета онаа за која е гласано со апсолутно мнозинство.

    Член 25

    Членовите на управниот одбор за својата работа не примаат никаков паричен надомест , освен ако основачот донесе одлука за исплата на таков надомест.

    Член 26

    Управниот одбор е надлежен да: - донесува годишна програма за работа - донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори - одлучува за условите и распределбата на средствата на корисниците односно за постапката и начинот на користење на средствата на Фондацијата - го контролира финансиското работење на Фондацијата самостојно или преку свое за тоа формирано тело - усвојува периодични и годишниизвештаи за работата и финансиски извештаи - усвојува годишна сметка - донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и ја насочува нивната работа - усвојување правила за работењето на Управниот одбор

    Член 27

    Членовите на Управниот одбор се договараат за остварување на целите и задачите на Фондацијата утврдени со овој Статут и во оваа смисла се одговорни пред основачот. Членовите на Управниот одбор се одговорни за штета предизвикана од нивната работа или поради нејзино запоставување. Основачот, доколку констатира дека се исполнети условите за одговорност предизвикана од став 1 и 2 на овој член има право да го разреши членот на Управниотодбор или целиот Управен одбор.

    Член 28

    Директорот се назначува, отповикува и заменува врз основа на Одлука од основачот. Одлуката за именување на директор на Фондацијата стапува во сила со денот на упис во надлежниот регистар Мандатот на директорот е четири години со право на повторни избори Директорот ја претставува и ја застапува Фондацијата во односите со трети лица,потпишувајки се под називот на Фондацијата и дејствува во сите околности во името на Фондацијата.

    Член 29

    Директорот ќе ги извршува сите акти и дејствија во управување во интерес на Фондацијата и ги извршува своите должности совесно и во интерес на исполнувањетона целите на Фондацијата. Директорот е лично одговорен спрема Фондацијата и спрема трети лица за работењето во колку е тоа спротивно на одредбите на Законот и другите прописи, за непочитувањена договорот, како и за грешките што ќе настанат во врска со управувањето на Фондацијата.

    Член 30

    Директорот е надлежен за: - да ја преставува Фондацијата и да ги води нејзините работи, - да ги спроведува статусните и програмските задачи на Фондацијата - реализација на годишната програма за работа - донесува одлуки за формирање на постојани и повремени работни тела и ја насочува нивната работа - организира разни акции и манифестации поврзани со целите и задачите на Фондацијата - донесува одлука за награди, пофалници и признанија - ги следи и ги анализира состојбите и проблемите во дејноста на Фондацијата, дава прогнози и предвидувања за идни услови , проблеми и можности, комуницира и соработува со други организации. - се грижи за стратешкото планирање и изготвува перспективни, годишни и периодични програми и планови за работа и финансиски планови.Одговорен е за извршување на програмата и планот за работа и на финансискиот план и поднесува периодични и годишни извештаи за работата и финансиски извештаи до Управниот одбор. - се грижи за правилно и економично работење со средствата на фондацијата и управува со паричниот тек.

    Член 31

    Секој договор или деловна активност чијашто вредност е над 50% од вредноста на капиталот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски врз основа на последниот годишен финансиски извештај , се одобрува од Основачот на фондацијата Секој договор или деловна активност чијашто вредност е од 10 % до 50% од вредноста на капиталот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски врз основа на последниот годишен финансиски извештај се одобрува од Управниот одбор со мнозинство гласови. За секој договор или деловна активност чијашто вредност е до 10% од вредноста на капиталот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски врз основа на последниот годишен финансиски извештај одлучува директорот на Фондацијата.

    V ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ

    Член 32

    Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски во своето седиште , во архивата ги чува актите согласно со Законот.

    Член 33

    Работата на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е јавна. Јавноста на работењето се обезбедува со припремање на редовни извештаи за нејзиното работење со овозможување увид во спроведувањето на програмските задачи,со поднесување на извештај за работата на ограните и телата на Фондацијата, за начинот на користење на средствата на Фондацијата, за материјално-финансиско работење и друго (годишни или периодични финансиски извештаи) За информирање на потенцијалните корисници на средствата на Фондацијата и пошироката јавност, се користат електронските и печатени медиуми.

    VI СТАТУСНИ ПРОМЕНИ И ПРЕСТАНОК НА ФОНДАЦИЈАТА

    Член 34

    За статусни промени се сметаат присоединување и спојување на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кон други фондации и поделба на фондацијата. За статусните промени одлучува основачот.

    Член 35

    Фондацијата престанува: - ако се утврди дека престанала со работа - ако средствата не се доволни за остварување на нејзините цели и задачи определени со Актот и Статутот - ако го изгуби својот имот - ако целта за која е формирана е исполнета или не може да се исполни - со стечај - со одлука на основачот - ако работи спротивно на одредбите од Законот за здруженија и фондации и - ако работењето на фондацијата не е во согласност со нејзиниот Статут. Овластениот застапник на Фондацијата во случај на настапување на некоја околност предвидена со овој член должен е во рок од 15 дена по нејзиното настанување да го извести надлежниот регистар

    Член 36

    По престанокот на работата на Фондацијата депонираните средства што остануваат по намирување на побарувањата се распределуваат на основачот со Одлука на основачот на Фондацијата.

    VII ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

    Член 37

    Право на толкување на одредбите на овој Статут има доносителот, односно основачот и Управниот одбор на Фондацијата.

    Член 38

    Измени и дополнувања на овој Статут се врши по иста постапка како и за неговото донесување. За измени и дополнувања на овој Статут потребна е согласност од основачот.

    Член 39

    Овој Статут влегува во сила со денот на неговото донесување

    ОСНОВАЧ

    Ѓорѓија Атанасоски